fbpx
www.proaktiv.mk +389 75. 453 219

3 причини да бидете ПроАктивни со вашето животно осигурување

Многу луѓе се запознати со причините зошто да купат животно осигурување, но малкумина знаат дека кога ќе купат е исто така важен фактор. Во повеќето случаи, ние купуваме животно осигирување кога имаме специфична потреба. Овие одлуки се водени од нешто што се случило во нашиот живот како раѓање дете или евентуално губење на некој близок. Иако реактивниот пристап кон животното осигурување е најчест, ПроАктивниот е најкорисен.

1. Купување животно осигурување додека сте млади и здрави е ефективно

Треба да купите полиса за животно осигрување додека сте млади, здрави и имате проток на парични средства за да започнете со вложување. Започнете со основна трајна политика. Вака, имате можност да инвестирате во вашата животна полиса 10 или 20 години. Така, кога ќе дојде време за заслужено пензионирање, ќе имате дополнителна готовина на располагање. А за целиот работен век, сте биле осигурени.

2. Можеби нема секогаш да бидете осигурливи, осигурајте се додека можете

Клучно е да не одложувате кога купувате животно осигурување. Премногу е вообичаено луѓето да доживеат здравствени проблеми, па потоа да бараат да бидат осигурени, а тогаш може да бидат неосигурливи или да плаќаат високи премии. После критична болест, животното осигурување е скапо и тешко може да се добие.

3. Мудро е да се купи животно осигурување колку и да звучи чудно

Ако сте пополниле полиса за животно осигурување и добиете понуда од осигурителната компанија, добра идеја е да штедите преку животно осигурување колку што можете да си дозволите. Постојат бројни причини зошто треба да штедите додека работите. Ако одлучите да не штедите преку животната полиса, постои веројатност Вашите заштеди кога ќе се пензионирате да бидат помали. Затоа добро е да се земе животно осигурување кое што можете да си го дозволите.