fbpx
www.proaktiv.mk +389 75. 453 219

Проактивните луѓе инвестираат за своето трето доба

Инвестицијата е сенка на човекот од мигот кога ќе може сам да одлучува за своите материјални добра. ПроАктивните инвестираат во нивното трето доба со помош на годишно осигурување кое ќе им овозможи сеопфатна заштита, финансиско покритие за нив и нивните деца и поголеми приходи кога веќе нема да бидат способни да се грижат самите за себе си.

Трошоците во трето доба често се поголеми отколку оние во работниот век. Секој родител сака да го даде најдоброто за своето дете, внуче,… ПроАктивниот човек не дозволува забот на времето залудно да го проголта последниот денар за нешта кои нема да му бидат од помош во неговото трето доба. Затоа ПроАктивните одделуваат кога можат да заработуваат, за да имаат повеќе кога нема да можат да заработуваат.

Малку се зборува а уште помалку се користат услугите кои осигурителните компании  несебично ги нудат. Осигурителната дејност е високо регулирана дејност од секоја држава. Контролата на работењето на сите субјекти во областа на осигурувањето ја врши Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Сите друштва кои работат дејност поврзана со осигурување (Осигурителни друштва, брокерски друштва за осигурување, друштва за застапување во осигурување) се предмет на надворешна независна ревизија секоја година.

Општ е впечатокот дека во нашата држава (а и на балканот), негативно се гледа на осигурувањето, а уште повеќе на животното осигурување, па дури и постои разочараност од тоа. Тоа се должи на минатото во кое многу финансиски друштва пробале и успеале да ја изневерат довербата на клиентите. Денес, ситуацијата во осигурителниот пазар кај нас е драстично по различна. Над 90% од осигурителните друштва во нашата држава се во сопственост на странски компании, со долгогодишно искуство во оваа дејност.

Не дозволувајте стравот од непознатото да влијае на Вашата иднина. Тука сме да Ви помогнеме околу сите прашања поврзани со животната полиса и нејзините предности. Слободно контактирајте не да договориме краток состанок (on-line или во живо), каде ќе Ви објаснеме како инвестирањето во животна полиса може да Ве заштити Вас и Вашето семејство од најголем број на ризици.