fbpx
www.proaktiv.mk +389 75. 453 219

Книги кои ќе ти помогнат да бидеш ПроАктивен (1. дел)

Читањето книги покрај тоа што го збогатува речникот, ни нуди вештини кои можат да помогнат во развој на кариерата. Во продолжение, Ви препорачуваме неколку книги кои даваат еден поинаков поглед на работите во приватниот и деловниот свет.

1. „7 Навики на успешните луѓе“ – Стивен Кови

Оваа книга е обемна програма за развивање на свеста за тоа како досегашните перцепции и предрасуди го попречуваат личниот и деловен успех. Навиките во оваа книга ќе ви ги унапредат начинот на размислување и ќе ве одведат до поголеми можности и поефикасно решавање на проблемите. Научете како да ги примените неговите 7 навики (ПроАктивност, Почни од крајот, Прво она што е прво, Мисли победа-победа, Барај да разбереш пред да те разберат, Синергија и Наостри ја пилата) и гледајте како ви го менуваат животот.

Стивен Кови е светски признат стручњак за лидерство, семеен експерт, учител, организациски консултант и автор. Често го нарекуваат американскиот Сократ, затоа што совршено разбирливо пишува за ‘перманентните нешта’ – вредностите, семејството, меѓучовечките односи, комуникацијата. Неговите книги се преведени на 38 јазици и продадени во повеќе од 20 милиони примероци, а 7 Навики на успешните луѓе е прогласена за највлијателна бизнис-книга на 20. век.

2. „The parable of the pipeline“ – Burke Hedges

Живееме во време во кое секојдневно слушаме за несигурноста на работните места. За да создадеме финансиска сигурност за нас и нашите блиски треба да поставиме цевководи на резидуален принос. Оваа книга не учи токму тоа, како буквално секој може да го искористи своето време, врски и пари да постави такви цевководи. Иако сеуште не преведена на англиски, оваа книга (“Izvor stalnih prihoda” на српски) вреди да се прочита на било кој јазик што го разбирате.

3. „Богат татко сиромашен татко“ – Роберт Киосаки

Книга што го задрма финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор – милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи – богатиот и сиромашниот татко. USA Today за оваа книга ќе каже: „Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина.“

4. „Кој го здипли моето сирење“ – Спенсер Џонсон

Едноставна бајка која ни донесува длабоки вистини за промените. Оригиналните размислувања и нарација на Спенсер Џонсон прават оваа книга лесно да ја чита и да ја разбере секој што сака да успее во овие променливи времиња. Задолжителна „лектира“ за илјадници вработени во Apple Computers, Dell Computers, Goodyear, HP, IBM, Kodak, Nestle, Pepsi, Proctor & Gamble, Shell, Time, како и во малите претпријатија, болниците, државните институции низ целиот свет..

5. „Почни од зошто“ – Симон Синек

Како што вели самиот автор во книгата, `во бизнисот не е важно што правите, туку ЗОШТО го правите`. Откритијата како ова ја направи оваа книга светски бестселер. Во неа луѓето ќе можат да видат дека ние сме толку оптоварени со тоа што правиме и како правиме што често забораваме зошто го правиме тоа. Ако ја изгубиме од вид таа суштинска причина, ќе ја изгубиме моќта да бидеме лидери и, што е уште поважно, да ги инспирираме луѓето околу себе.