Еден од главните проблеми на модерните компании е како да ги задржат или да ја зголемат лојалноста на значајните и тешко заменливи стручни лица во компанијата.
Овој проблем е можеби новост за компаниите од нашите простори, но секако не е новост за компаниите од западноевропските држави. После повеќегодишна работа на решавање на овој проблем, едукација во земјата и странство, иновативна надградба на постоечките проекти од странство, како и водејќи се од искуството со компаниите од Македонија, го креиравме проектот ПроАктив за зголемување на лојалноста, одговорноста и проактивноста на вработените.
Проектот ПроАктив Ви овозможува моментално зголемување на мотивацијата и истовремено зголемување на лојалноста на вработените спрема Вашата компанија. Со спроведување на овој проект, Вие постигнувате чувство на партнерски однос кај Вашите вработени и истовремено исчезнува чувството на подреденост кај вработените.
Во склоп на проектот ПроАктив Ви нудиме и анализа на одговорноста на вработеното лице во однос на работната позиција, со цел поефективна примена на овој проект.
Капиталот кој компанијата го вложува во ваков проект, по завршување на програмот се враќа назад, зголемен за одреден процент (принос).
Друга корист за компанијата е тоа што бесплатно го префрлате ризикот во случај на непредвидени настани на вработените (повреда, болест, смрт) од себе.
Исто така Ви нудиме и целокупна помош со предлог алатки (правилници, одлуки, и други акти) со цел побрза имплементација во Вашата компанија.
Не дозволувајте ризиците и конкуренцијата да ја менуваат насоката на делување на Вашата компанија, бидете ПроАктивни, управувајте со ризиците и сведете ги на нула!
Гаранција за успешност на овој проект е бизнис партнер од западна Европа кој има долгогодишно искуство во оваа област.
Спремни сме, на претходно договорен термин, да одржиме кратка презентација (45 минути) со цел поблиску да се запознаете со поволностите од овој проект.
Доколку сте заинтересирани, оставете ги Вашите податоци и ќе Ве контактираме во најскоро време: